Големата германска компанија годинава ќе вработи 25.000 работници, ќе регрутира и во Македонија

0

“Дојче Бан“ планира да вработи околу 25.000 нови работници во Германија! Порталот “Билд“ пред извесно време објави дека најголем број работни места ќе се отворат за машиновозачи, диспечери и персонал за одржување на железничкиот сообраќај.

Покрај тоа, ќе бидат потребни и возачи на автобуси, службеници за сервисирање на железничките станици, ИТ експерти и инженери.

Минатата година компанијата вработи 24.000 нови вработени и отвори 8.000 нови работни места.

Стратегијата на најголемата железничка групација во Германија, “Дојче Бан“, е да вработи околу 100.000 луѓе во следните неколку години, пренесуваат германските медиуми. Инаку, вкупниот број на вработени во “Дојче Бан“ изнесува 200.000.

Изминатата година “Дојче Бан“ регрутираше кадри во Шпанија и Романија, а годинава од компанијата одлучија да го прошират процесот на пронаоѓање кадар во уште четири други земји, меѓу кои Италија, Грција, Србија и Македонија.

Германскиот железнички концерн Дојче Бан се соочува со голем недостиг на работна сила, па одлучи да побара персонал во неколку европски земји меѓу нив и во Северна Македонија.

На германскиот државен железнички сервис му се потребни илјадници нови работници, па компанијата одлучи да ги пополни празните места со потрага низ повеќе европски земји. Дојче Бан бара машиновозачи, возачи на автобуси и електричари во четири европски држави, меѓу нив и во Северна Македонија.

Годинава веќе беа објавени огласи во Шпанија и Романија од каде беа вработени по 30 работници од бараните профили. Сега „ловот„ по работна сила ќе се шири и на Италија, Грција, Србија и Северна Македонија.

Работниците кои ќе ги исполнат критериумите ќе добијат дополнителна обука во Германија, платено учење на германскиот јазик и квалификација за одредена струка, најави денеска во Берлин шефот на персоналното одделение на Дојче Бан Мартин Зајлер.

Претходна статија(ФОТО) Глетка од кој очите ќе ви се наполнат солзи: По Преспанското, пресуши уште едно езеро во Македонија
Следна статијаБез разлика што се некаде таму далеку, тие ја сакаат Македонија секој ден – никогаш не заборавиле кои се и од каде доаѓаат