(ФОТО) Славната холивудската актерка се пофали и откри што добила од Атиџе

0

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.

Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“.

Американската актерка Џејми ли Кертис преку „Твитер“ исрати пофалби за македонскиот филм „Медена земја“, нарекувајќи го совршен за овој момент.

Колку совршен филм за овој момент. „Медена земја“ е зачудувачки. Алчност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Упорност. Запрепастена сум од него, напиша Кертис.

Двете номинации се подобри од еден Оскар, свесни сме за успехот на филмот и воопшто не сме разочарани ,пораката која ја испрати филмот е соодветно вреднувана низ целиот свет, и срамота е некој да биде разочаран, порачаа режисерите Котевска и Стефанов .

„Едногласно можеме да кажеме дека кај никој од нас нема разочарување .Апсолутно не сме разочарани, и секој кој е разочаран треба да се преиспита.“ – порача Котевска.

„Последната година потврди дека целиот труд вредеше, идејата која ја почнавме и пораката беше признаена секаде и сооодветно вреднувана.“ – изјави Стефанов.

Големиот дел од членовите на Академијата се американци , и сосема е нормално национализмот да победи , изјави продуцентот Атанас Георгиев, истакнувајќи дека наградените режисери на „Американска Фабрика“ се страсни документаристи и сосема заслужено ја добиваат оваа награда.

„Американска фабрика е одличен филм, пред се, има свои квалитети, своја исклучителна и значајна приказна за целиот свет, исто така. Тоа е исто како едно пиле да се бори со гризли мечка. Сепак , зад филмот стои Netflix , и продукцијата на Барак и Мишел Обама.“ – изјави Георгиев.

Самир Љума, кој заедно со Фејми Даут како кинематографери на Медена Земја добија голем број на светски признаија, изјави дека филмот му го променил животот и се надева дека нема да поминат 25 години повторно да ни се случи ваков филм за кои ќе зборуваат сите.

„Јоаким Феникс, еден од добитниците на Оскарот е голем фан на Атиџе и целиот филм, Тод Филипс е исто така еден од големите фанови.“ – изјави Самир.

Претходна статијаНе издржа: Убавото лавовско срце Дарин си замина кај дедо Боже
Следна статијаРодена сум за тука: Ја загуби ли Македонија Спенџарска Јелена (ФОТО)