(ФОТО)Анастасија, ќерката на Цеца од далечниот Тајланд за првпат реши да го покаже своето момче

0

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ овие денови е на заслужен одмор во Тајланд од каде секојдневно споделува фотографии од тоа како ужива на плажа.

Дваесет и едно годишната млада пејачка од ден во ден ги изненадува фановите со фотки во минијатурно бикини, а на последната во низата, покрај костимот за капење, големо внимание привлече и момчето што е фотографирано со неа.

Имено ,таа сподели фотографија за прв пат со својот дечко како ужива во базен, а друштво им прават и уште неколку пријатели со кои заедно отпатуваа на Тајланд.

Пејачката Анастасија Ражњатовиќ гостуваше во емисија во која зборуваше за појавувањето во јавноста од мала и дека воопшто не и влијаат негативните коментари.

-Од мала сум актуелна за јавноста, така да ништо од ова не ми е ново. Ништо не се промени во однос на медиумите, се е исто. Само ми е драго што сега веќе имам своја професија, во смисла дека сега сум пејачка, веќе не сум ќерката на Цеца. Така да сега имам причина за да се појавувам во медиумите – истакнува атрактивната пејачка.

Иако пејачите после издавањето на песните брзаат да настапуваат и да промовираат нов сингл, Анастасија откри дека не брза, туку се доградува и во меѓувреме работи на втората песна.

-Несакав да ги бомбардирам луѓето со моето појавување во медиумите. Сметам дека песната ако е квалитетна секако ќе се слуша и без моето појавување.

Така да јас не сум спремна да настапувам, туку сакам самата од себе да се соживее. Во меѓувреме се трудам да работам на себе, психички и физички- заврши Анастасија.

Претходна статијаВо Македонија до возачка дозвола ќе може да се дојде бесплетно: Познато како
Следна статијаШилегов откри како го гледа Скопје во неговата визија и за што ќе се залага