Во Македонија до возачка дозвола ќе може да се дојде бесплетно: Познато како

0

Државата ќе ги подобрува вештините на невработените за да најдат работа, но и ќе им помага и да почнат сопствен бизнис.

Мерките кои годинава се под мотото “Шанса за сите“ предвидуваат дел од невработенте да се преквалификуваат. На пример, државата ќе обезбеди обуки за полагање на Ц и Д категорија.

Исто така, ќе обезбеди и поддршка од 9.000 денари месечно за лицата кои ќе ќе одат на обуки кај познати работодавачи.

Пари ќе има и за работодавачите кои ќе прифатат да примат невработени на обука. Посебен фокус се лицата кои ќе се преквалификуваат за ИТ вештини.

Најголем дел од парите ќе бидат наменети за лицата кои ќе почнат сопствен бизнис. За ова се предвидени над 7 милиони евра и со неа ќе бидат поддржани над 1300 нови бизниси.

Оперативниот план на Владата за оваа година тежи рекордни до сега 22,7 милиони евра, а дел од нив ги обезбеди УНДП. Планот годинава ќе опфати околу 12.000 лица.

Иако во последно време стапката на невработеност е намалена, сепак таа сѐ уште е со висок процент во споредба со земјите од Европска Унија. Ако сакаме да го фатиме чекорот на еврозоната, најпрвин Македонија треба да најде начин да се справи со овој проблем.

Според статистиката на Евростат, стапката на невработеност во ЕУ е 6,6 отсто, ова покажува дека најниска стапка е забележана во ЕУ 2,8 од 2000 година. Во Македонија, стапката на невработеност изнесува 20,8 отсто, односно од вкупното активно население 958.770 лица, 199.325 лица се невработени.

Најниска стапка на невработеност има Чешка – 2,1 отсто, потоа Германија 3,3 отсто, Полска со 3,5 отсто, додека, пак, најмногу невработени има во Шпанија – 14,3 отсто и Грција – 18,6 отсто.

Како што вели Благица Петрески, директорка на институтот за економски политики и истражувања, „Фајненс тинк“, невработеноста во Македонија, има тренд на пад и тоа се должи главно на вработувањата во ТИРЗ и стимулациите преку активните мерки за вработување.

Претходна статијаСе гради „Снежен град“ во Македонија – познато каде и од кога ќе може да се посети
Следна статија(ФОТО)Анастасија, ќерката на Цеца од далечниот Тајланд за првпат реши да го покаже своето момче