(ФОТО) Голема радост во домот на македонската фолк легенда Војо Стојаноски

0

Дамјан Стојаноски, младиoт македонски фолк пејачи се реши да ја побара својата девојка Елена Билеска за сопртуга. Како што е познато, Дамјан е син на легендата на македонската изворна песна, покојниот Војо Стојановски и новинарката Евица Камберова-Стојаноска.

Дамјан и неговата свршеничка официјално кажаа ДА и нивната љубов ќе биде крунисана со заеднички живот. И токму како што вели антологиската песна на неговиот татко Војо:

„Ти донесов млада невеста, јас ја сакам од срце, деца мајко да ми изроди, родот да ми продолжи“… така некако отприлика чинот на одлука за заеднички живот и свршувачката на својот син ги доживеа и мајката на Дамјан, која сподели заедничка фотографија со младите, синот и идната снашка, па покрај неа и самата ја изрази својата огромна радост:

„Дамјан и Елена официјално, кажаа ДА за љубовта и за заедничкиот живот. Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа…Да се среќни и вечни!“ – се зборовите со кои ги благослови мајката и идна свекрва младите.

Инаку Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога почина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот“ – вели Дамјан и додава:

„Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“ – открива тој.

Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата, но и и голем патриот и родољуб кој како и покојниот Војо, бескрајно ја сака својата татковина, Македонија!

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се:

„Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“. Издавањето на албумот било помогнато од Министерството за култура на Македонија.

Претходна статијаМиленко: И така на крај остана имиџот на диво племе, неизбањати, бездомни, штрби заби
Следна статија(ФОТО) Дедо Цане од Бурилчево го прослави 101. роденден: На лекар не сум бил 40 години