(ФОТО) Дедо Цане од Бурилчево го прослави 101. роденден: На лекар не сум бил 40 години

0

Најстариот жител во општина Чешиново-Облешево е Дедо Цане од село Бурилчево. Воедно тој е еден и од најстарите жители во моментов во Македонија.

Дедо Цане во сабота на 08 фебруари наполни 101 година , по тој повод го посети градоначалникот Горанчо Крстев кој со подароци и искрени желби му го честиташе роденденот и му посака да го служи добро здравје и да поживее уште долго.

Задоволство беше да слушнеме како Дедо Цане раскажува за неговиот животен пат кој несебично сподели многи совети и искуства и им посака на сите да доживеат како неговата старост.

Минатата година при прославата на јубилејот на 100. роденден део Цане истакна:

Цел живот се занимавав со сточарство, имав стадо од неколку стотини овци, па дружењето со животните и секојдневниот престој во природа ми беше едно од најголемите задоволства.

На лекар не сум бил веќе 40 години и освен потешкотиите со слухот и видот поради годините, за проблеми со здравјето не можам да се пожалам. Иако неколку децении сум без сопругата, сепак задоволен сум што децата и внуците не ме оставаат сам и постојано се грижат за мене, па добив и роденденска торта со подароци,

Во сеќавањата за минатото стогодишниот старец се потсети на воениот и поствоениот период и скромниот овчарски живот, благодарен што животната судбина му овозможила да има добар брак од кој се родиле три сина. Во моментот живее со еден од нив, а досега има седум внуци и уште седум правнуци.

Претходна статија(ФОТО) Голема радост во домот на македонската фолк легенда Војо Стојаноски
Следна статијаСашо Тасевски: Оскарот немаше да не направи подобри луѓе, ниту државава ќе станеше медена