Дојдов во Шведска и за првпат по 20 години осетив што е тоа викенд, да не работам и да одморам

0

До редакцијата на Галама пристигна писмо од една наша читателка кој го сподели своето искуство по преселбата во Шведска.

Од пред неколку месеци се преселив во Шведска, заедно со децата и мојот сопруг кој беше веќе тука како шофер на камион. Сега конечно сите заедно сме повторно како фамилија. А еве јас дочекав да имам толку слободно време, што можам да би напишам и писмо.

Цели 20 години работев како вработена во маркети, на каса. Поточно од мојата 20-та година на животот па се до пред некој месец. Но веќе тоа е минато, а сега не можам да ви се пожалам.

Имено после толкав период јас конечно осетив на моја кожа што е тоа викенд и како е да се одмори навистина. Чувство што одамна го имав загубено, а поради што и работата ми беше одмилена. Но за среќа сето тоа веќе се е минато.

Дали беше викенд, празник, сабота, недела, без разлика јас одев на работа, а слободни денови имав само преку неделата, вообичаено понеделник и петок. Тоа повеќе не се издржуваше, сооглед на тоа што имаше се помалку работници и недостаток од нив, работата се повеќе се зголемуваше на наш грб.

Е сега овде во Шведска што би рекле народно е друга песна. Точно е, овде има пари но мора да се работи и истото се прави. Но се знае, кога се работа се работи, а кога е одмор ни „пиле не пее“. Се знае законски те следува два дена одмор во неделата, годишен одмор, боледување. Па и затоа се држава во буквална смисла на зборот, се почитуваат сите права.

Немам дилеми, јас сега почнувам да живеам нов живот кој апсолутно се разликува по оној долу, во Македонија. И овде сум работничка, и овде работам исто, но разликата како во плата, така и во овозможени работни услови и работно време е голема.

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаРазнесував млеко и јогурт низ Лугано, ама сега на новата робота ми е топ
Следна статија(ВИДЕО) Цели 30 години откако побегнал од модерниот свет живее во дрво и се лекува со вода и оган