Васил Димишков сведочеше и откри што мисли за Камчев

0

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, на кое се врши сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13, прв сведочеше адвокатот Васил Димишков.

Бранителот на Јовановски, Сашо Дуковски го праша сведокот дали и кога имал контакти со Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка А.Д. Битола.

„Во 2018 банката имаше еден предмет за измама на банката за лице кое не го враќаше кредитот. На една средба со Владимир во август ми кажа дека и Камчев сакал да се види со мене во врска со предметот.

Владимир ми кажа кога да појдам во канцелариите кај Камчев во „Систина“. Имав средба со Камчев и на таа средба ми извади телефон на кој ми покажа слики од документи. Успеав само да прочитам „НАРЕДБА“, а доле потпишано Весна Димишкова. Малку бев стаписан бидејќи мислев ќе разговараме за предметот на банката, а не за ова“, изјави сведокот.

Димишков потоа го прашал зашто се работи, а бизнисменот побарал од него да го вклучи како адвокат во неговиот адвокатски тим.

„Го прашав за што ме ангажира конкретно. Тој ми рече дека за неколку дена ќе ме информира. Камчев потоа не ме повика и на тоа заврши се. Откако му беше определен притворот, ме бараа мои роднини и пријатели кои ми збореа дека треба да му се помогне на Камчев.

Меѓу нив беше и Зоран Милевски Кичеец на кој што иако му имав кажано дека јас не можам да му помогнам, тој инсистираше средби, на кои се бараше да ме ангажираат како бранител и за адвокатската награда. Во една прилика тој направи средба и со сопругата Ана Камчева. Кога се видов со Ана таа ми појасни дека имаат стратегија на одбраната и дека планираат и мене да ме вклучат во тимот.

Повторно зборевме за одбараната на Камчев иако јас им реков дека тоа е тешко изводливо. Според Постапката и законските рокови, такво нешто е невозможно. Камчева ме сфати и од тие причини се согласи со мене“, сведочеше Димишков.

Претходна статијаБугарската влада мисли на своите ѓраѓани кои живеат во Македонија: Им додели убава сума на пари
Следна статијаМакедонска реалност: Дури 11 млади кои минатата година работеа кај нас заминаа во Австралија, Словенија, и други земји