Македонска реалност: Дури 11 млади кои минатата година работеа кај нас заминаа во Австралија, Словенија, и други земји

0

Велат дека околу 1.000 работници ќе бидат потребни на охридско – струшката ривиера претстојната летна сезона.

„Минатите години имаше дел студенти кои работеа, се снаоѓаме како знаеме и умееме“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Хотелите во Дојран се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила. За хотелиерите во овој град нема избор на кадар, од причина што бројот на жители е мал. Миграцијата придонесува да не можат да најдат соодветни работници.

Велат дека за оваа летна сезона во Дојран ќе бидат потребни повеќе од 200 сезонци.

„Само кај нас ќе бидат потребни 30 до 40 луѓе. Ние и сега имаме потреба од кадар. Лани имавме работници од Куманово, Крива Паланка, од Кочани, а повремено имаше и дел од Берово. 11 млади кои минатата година работеа кај нас заминаа во Австралија, Словенија, и други земји.

Извршителите ги избркаа младите од земјава затоа што дел од овие луѓе поради направен прекршок должат пари, и не сакаат да добиваат плата на сметка, туку бараат ако може да земаат пари во кеш, што ние не смееме да го правиме и да го кршиме законот. Квалификувани работници немаме, и оние кои работат се од други струки“, раскажуваат од хотел во Дојран.

Се проценува дека во Преспа летово ќе бидат потребни стотина сезонски работници, во хотелите и рестораните. Иако овој дел од Македонија туристички е послабо развиен, сезонци доаѓаат од сите возрасти и од различни градови.

Обично се бараат искусни и повозрасни готвачи, додека како келнери работат помлади луѓе. Сопствениците на туристичко – угостителски комплекси велат дека имале работници од Скопје, Кавадарци, па дури и од Мала Преспа од соседна Албанија.

Претходна статијаВасил Димишков сведочеше и откри што мисли за Камчев
Следна статијаБоки 13 се чини собра храборст: Откри што требало да направи за да го ослободат