Дејвид Глашин, некогашниот милионер имал богатство вредно 29 милиони долари, идеален брак и сè што ќе посака.
По работниот неуспех напуштил сè и веќе 20 години ужива на пуст остров само во друштво на своето куче.
Глашин имал компанија за ископување злато во Нова Гвинеја. Работел за време на најголемите светски бизнисмени и компании, но потоа по неуспехот на берзата во 1987-та година, изгубил поголем дел од своето богатство.
Сакам да умрам тука. Ова е мојот рај на Земјата. Кога дојдов на островот бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето.
Поради нив ми се распадна бракот“ – објаснил Дејвид во документарецот за неговата сопруга.
Поранешниот милионер истакнува дека понекогаш му недостасува разговор со луѓето и би сакал некој да го посети.
Ја сака природата која го опкружува, но додава дека може да се случи дека доколку се најде во неволја на островот нема кој да му помогне и така да го изгуби својот живот.
Тој само еднаш годишно го напушта островот за да си обезбеди намирници за него, а сегаа австралиските власти сакаат да го иселат од островот.
Инаку, Дејвид има син (21) и ќерка кои никогаш не го посетила островот. Исто така, доживеал трагедија кога неговата втора ќерка се самоубила пред 6. години.