Оваа Нова Година многу Македонци заминаа за Букурешт, малиот Париз – еве зошто

0

Годинава многу туристички агенции за новогодишните празници нудеа аранжмани по мошне примамливи цени за Романија и особено за главниот град, Букурешт.

Букурешт е главен град на Романија, исполнет со мешавина од историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни.

Овој град веднаш го освојува вниманието на посетителите и е главна конкуренција на сите популарни туристички дестинации. Градот е вистински спој на модерна Европа и егзотичниот Исток, со силни контрасти.

Кога светот би бил една голема сцена, тогаш Букурешт со сигурност би заслужил место под светлото.

Љубов, предавништво, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, трговци на Венецијанска стока, Грчка трагедија и два големи пожари – Букурешт доживеал сѐ!

Еволуцијата на Букурешт е еден од најдобрите примери за нејасната врска помеѓу Романската земја и Отоманската империја. Иако, никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа област и влијанието на империјата.

Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка, социјална или религиозна група.

Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот. Таква судбина имале местата како Аманеаска, Мантулеаса, Стариот Еврејски кварт, Батистеи.

Најголема атракција е палатата на Парламентот или како што порано била нарекувана Народна Палата, која е втора најголема административна зграда во светот, веднаш по Пентагон.

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен Европски град со беспрекорно зачувана архитектура. Овој град, честопати, го нарекуваат „Мал Париз“ подари големата триумфална капија, булеварите опколени со дрвја, зградите во најразлични стилови издигнати во различни периоди на социјална и економска позадина.

Исто така, во последните години и „Мал Берлин“ поради богатиот културен и ноќен живот. Цели 25 години од комунизмот, забавна и социјалната сцена се мошне динамични.

Во неговата периферија ќе најдете пријатни уметнички барови, ефтини кич маалски кафулиња или места кои поддржуваат отворена сексуалност. Секое од нив може да биде почетокот на ноќта што нема никогаш да ја заборавите. Во текот на ноќта, Букурешт е игралиште на кое сè е возможно!

Извор: ilike

Претходна статијаШерифовиќ ќе роди бебе па вели: Ако биде девојче, ќе биде бан дит како мене
Следна статијаМоќен лидер ќе падне – Нострадамус предвидел што ќе се случува во 2020