Малкумина знаат дека Дарко Панчев пред да биде оженет со Маја Гроздановска Панчева беше во брак со друга жена.
Имено, легендата Дарко Панчев и неговата сопруга Маја се во брак повеќе од 15 години и важат за еден од најхармоничните бракови меѓу познатите во Македонија. Но многу малку луѓе знаат дека Дарко пред да застане на лудиот камен и да се заколне на вечна љубов на Маја беше во брак со друга жена.
Имено, најдобриот фудбалер на Македонија на сите времиња пред да се ожени со Маја и во времето кога беше на врвот од својата кариера беше во брак со Ана Панчева.
Како изгледа неговата прва сопруга можеме да видиме од фотографиите објавени во „Југопапир“ во кој Дарко како еден од најдобрите фудбалери во поранешна Југославија не ретко се наоѓаше на насловните страни.