Се женел 2 пати: Еднаш со градска и вторпат со селска жена – Еве какви се неговите искуства

0

Брак со две целосно различни жени.

Во овие 40 години сум поминал сè и сешто. Најтешко ми падна разводот.

Ана ја запознав 90-тите години во дискотека. Беше неверојатно убава, образована, паметна градска девојка. Кога ја запознав вечерта многу игравме, разговаравме, расправавме за многу теми.

Следниот ден и се јавив и ја замолив да излеземе на пијачка. Ме одби со образложение дека е зафатена. И покрај тоа, јас бев упорен и едно утро се сложи да се видиме. Мислев дека на мојата среќа и нема крај, но горко се излажав.

Тој пат отидовме во кино, а после во еден кафич. Следната недела се најдовме кај неа во стан. После тоа бевме во врска, а набрзо потоа се венчавме.

Првите неколку години ни беше совршено. Едноставно се сакавме и буквално не можевме да живееме еден без друг.

После три години брак, започнаа малите скандали. Таа почна да се жали дека многу малку внимание и посветувам, дека малку заработувам итн.

Сето тоа мене ми се собираше и ми се чинеше дека во секој миг ќе експлодирам како вулкан. За тие три години таа никогаш не работеше. Трошеше пари кои што јас ги носев дома и никогаш не и беше доволно.

Разводот беше неизбежен. За да се опоравам од стресниот период и од разводот, се повлеков да живеам во внатрешноста.

Таму запознав многу љубезна и симпатична девојка во која инстантно се вљубив. Набрзо се венчавме. Свадбата ја направивме дома и беше скромна.

Со неа живеам веќе шест години и никогаш не сме се скарале. Неодамна добивме близнаци. Мојата сопруга никогаш не се жали, домашните обврски околу куќата и децата ги извршува со голем елан. Никогаш од неа не сум слушнал ниедна поплака. Имало ситуации кога немавме доволно пари, но дури и тогаш ме тешеше и ме поддржуваше.

Искрено се надевам дека со оваа жена ќе го проживеам остатокот од животот.

Од моето искуство, би им советувал на сите да се женат со жени кои се растени во помали средини или од село. Тие не се оптеретени со материјалните работи, со пари и луксуз. За мене ова е многу важно. Изгледа дека мојата идеална жена цел живот живеела во моето село.

Можеби само јас имам вакво непријатно искуство со градските девојки, ако грешам исправете ме.

Претходна статијаШто говорат луѓето пред да заминат од овој свет и што значат тие зборови
Следна статијаМаја ја знаеме, но еве како изгледаше првата сопруга на Дарко Панчев