Ина Многуфина за ,,моќникот” Аце од Лозово

0

Статус на Ина Многуфина:

,,Општина Лозово, меѓу Велес и Штип, жители околу 2500, градоначалник Ацо Велковски, совет 9 члена. Атиџе од Ханиленд е од општина Лозово. Аце има фанпејџ каде објавува се што прави и каде оди, скоро сите постови почнуваат со денес ова денес она, сака да прави селфи во автобус кога одат негде службено, навидум дружељубив човек.

Пред неколку дена Виолета, порано вработена во општината сега избркана, раскажува низ солзи што преживеала додека работела. Виолета трудна 8ми месец нема здравствено, но има 6 дисциплински постапки, па ја симнувале со работно место, па ја ставале да работи во сала за состаноци каде нема ни компјутер ни телефон и дошле од канцеларијата на јавен обвинител и констатирале дискриминација. На крај ја бркаат од работа.

Во општина Лозово не смееш да користиш приватен телефон изгледа да не ги вознемируваат вработените во дневните обврски, ко да мозоци оперираат па не смееш да збориш на тел. Аце најпрво не дава изјава, но од канцеларијата на премиерот го заследуваат случајов и се констатира дека се работи за меѓусебно нетрпение но со најава дека ќе се истражи.

Аце дава изјава во стилот јас фин ама она ми подметнуеше работи, не знаете какви работи за тоа се одговара и такви некои самоодбрана примери да на крај он нејќел да ја избрка ама ете сама си го барала. Ова овде можда и ќе се заташкаше, идат избори, Виолета ќе се породи, нема да се занимава никој со ова толку но ете за несреќа на Аце, дали некој го има урочено или не дај боже нешто има нагазено, вчера му се дешава #MeToo, дава изјава Снежана, хигиеничарка од општината.

Пријавува закани, дискриминација, дисциплински постапки и судски процеси. Аце ја добива на суд и она треба да му плати и пари. Снежана е казнета дека шољите ги миела во општината и после дека не ги миела. Прејако. Аце не дава изјава. Не знам шо ќе каже сега во самоодбрана може Снежана му ставала многу сапуница во џогерот па сакала да се лизне. Ќе видиме.

Тоа што двете жени го тврдат е дека дисциплинската комисија се има окапано од работа за нив две, не знам дајте им покачување многу работи таа комисија. Страшно е дека двете тврдат една работа, на вработените им било забрането, пази забрането, да комуницираат со нив. Еј, да комуницираат. Замисли ги тие колеги кои така сервилно решаваат да не комуницираат со хигиеничарката пошо ќе се замерат со претпоставен веројатно.

Замисли ги тие колеги кои гледаат дискриминација и ќутат и вртат глава. Замисли ги тие сложни колеги кои гледаат како фрчат дисциплински и не сакаат ништо да направат.

Замисли што се дешава таму, две очајни жени бараат помош преку медиуми. Ги бркаат ги деградираат и ги дискриминираат. Аце е градоначалник. Во таа мала општина он е веројатно моќник, може му се плашат. Аце се бави со две жени.

Хигиеничарка носи на дисциплинска. Ја тера да работи од 5 сабајле па после пак од 13 часот. Дали се само овие две жени или има уште жртви на мобингот? Ќе се охрабрат ли да прозборат? Ќе почне ли оваа држава сериозно да се бави со случаите на мобинг?”

Претходна статијаНашата најдобра фолкерка го откажа настапот за Нова Година – Елена Велевска е сериозно болна?
Следна статијаСега сум во авион на сигурно – успеав да побегнам од гадот кој ми упропасти една година од младоста