Кавадарчанец пијан возел возило на Брзата помош – веднаш го стигна казната

0

МИА претходно објави дека казна заработил возач на болничко возило во Кавадарци, поради управување под дејство на

Отстранет е од работно место возачот на болничко возило кој возел под дејство на алкохол во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

МИА претходно објави дека казна заработил возач на болничко возило во Кавадарци, поради управување под дејство на алкохол, потврдија од полицијата.

Казната на лицето кое управувало возило на ЈЗУ Општа болница Кавадарци му била изречена вчера, бидејќи управувало службено возило под дејство на алкохол.

Претходна статијаМаринела Тушева објави видео како и горат автомобилите
Следна статијаСтравично: Откриено како настрадале 39-те Кинези кои беа најдени во камион во Англија