Замина на меден месец, го вратија во ковчег: Младиот Србин доживеал семејна трагедија, по што се самоуби

0

Од меден месец Самир Бато Тузинац (35) од Нови Пазар, Србија, загинал во петокот во Турција, кога за време на медениот месец скокнал од шести кат од хотелот во кој престојувал заедно со својата сопруга.

Тузинац се оженил пред само неколку дена, а по свадбата во Нови Пазар со сопругата заминале на меден месец во Турција.

Веста која пристигна од Турција дека 35-годишен маж извршил самоубиство скокајќи од шестиот кат на хотелот „Дизалија Палм Гарден“, во турското летувалиште ги растажи сите во градот.

Меѓутоа, има и такви кои не прифаќаат дека станува збор за самоубиство, туку за несреќен случај, сметајќи дека тој загубил рамнотежа и несреќно паднал.

– И натаму со сигурност не е потврдено како тој паднал од шестиот кат од хотелот бидејќи терасите имаат висока ограда, но се очекува дека ќе се знае кога телото ќе биде вратено во Нови Пазар за да Тузинац да биде погребан – раскажува за српските медиуми приајтел на починатиот.

И додека неговите пријатели се убедени дека вистината ќе може да ја каже само неговата сопруга Алмина Нумановиќ (34), која во моментот на неговата смрт се наоѓала во хотелскиот тоалет, неофицијално се зборува дека Тузинац веќе неколку години примал одредена терапија за психички пациенти.

– Самир многу тешко ја поднесе смртта на неговиот татко, кој пред 15 години трагично настрада во сообраќајна несреќа. Самир од тогаш драстично се промени. Некако се повлече, и се посвети на верата и во неа ја наоѓаше смислата на животот – раскажува другар на Самир, а пренесува Еспресо.

Самир наводно по споменатата трагедија почнал да зема и одредена терапија за психички пациенти.

– Сигурно не сакал да ја прима терапијата додека бил на меден месец, па можеби и тоа е причината поради која скокнал од тераса. Сигурно нешто му се случило во глава поради тоа што не ги земал неопходните лекарства. Сите останати приказни кои вклучуваат кавга со неговата сопруга паѓаат во водата, бидејќи сите кои го познаваа Тузинац велат дека многу ја сакал својата жена и бил сигурен дека таа е љубовта на неговиот живот – додава неговиот пријател.

Тузинац зад себе ја остави мајка си и две сестри. Мајката на Самир била просветен работник во Нови Пазар, која наскоро требало да оди во пензија. Телото на настраданиот Тузинац било испратено на обукција. Очајнот осемејство по трагедијата се упатло во Турција, каде чекаат дозвола да го донесат неговото тело во Нови Пазар.

Претходна статијаПознатата пејачка сака да го смести Саша Поповиќ во затвор: Таму му е местото!
Следна статијаГладна сум, ненаспана, физички и психички уморна – исповед на нашинка која работи во Германија