И ја спасив душата! Дечкото на Дуња Илиќ открива како без свест ја носел во болница

Контроверзната пеачка Дуња Илиќ која веќе некое време живее во Италија, направи вистински хаос во медиумите кога во живо на Инстаграм објави дека испила таблети и дека веќе и е доста од животот.

Фановите и медиумите се загрижија, а бидејќи живее во странство, многу тешко е да се дознае што се случило со пеачката. Многумина нејзини фанови оставаа порака на Инстаграм барајќи било какви информации.

“Луѓе, дајте ако некој од нејзините пријатели овде или со неа е во контакт или како било, само нека каже дека се’ е во ред, овие работи не се зафрканција, не е наивно” – напишал еден нејзин фан и набрзо добил одговор.

“Нејзиниот дечко Фреди напишал на “стори” дека -синоќа доживеав сцена од филм, но ноќта се заврши такашто спасив една душа” – стигнала наводната прва информација за состојбата на Дуња.

Како што јавуваат белградските медиуми, Дуња е пронајдена во бесвесна состојба. И била укажана помош и ја однеле во болница на испирање на желудникот. Таа моментно се опоравува, а нејзините пријатели и членовите на семејството беа шокирани од овој настан. Нејзината мајка наскоро би требало да тргне за Болоња за да биде покрај нејзината ќерка.

Да потсетиме, Дуња се вклучила во живо на Инстаграм и рекла дека е уморна и дека у*ира.

“Унирам, се плашам од непознатото. Ве молам да ме слушнете, не го сборувам ова за да бидам во центар на вниманието. Престанав да пијам алкохол пред една година и да се дрогирам. Сега е готово, а и ако не е готово, баш ми е гајле.

Бев злоставувана од мојата 5 година. Кога бев со татко ми и со неговата тогашна девојка на едно патување, таа зборуваше дека неговиот однос кон мене е неприродно и е чиста болест. И јас верувам дека татко ми имаше имаше некои емоции кон мене кои не се во склад со нормалното татковство. Сега е готово, немам што да изгубам” – рекла Дуња, а потоа раскажала дека се сомнева во нејзините вистински родители, бидејќи смета дека таа е усвоена.

Loading...