Оженет сум и имам два сина. Во брак сум 8 години и често слушав дека жена ми ме изневерува додека сум јас на работа.
Ама јас толку многу ја сакам што секогаш мислев дека луѓето ми завидуваат и ми љубоморат, па затоа така ми зборат за да ме скараат со мојата убава жена. Некои ми викаа дека ги носам најголемите РОГОВИ! И тоа добри!
Дури една баба од населбата кога ми рече да припазам малку на жена ми, тогаш малку почнав да се загрижувам. Жена ми е домаќинка и не излегува од дома, што значи дека ако ме изневерува тоа го прави дома кога јас сум на работа.
Еден ден го замолив шефот да ме пушти порано од работа, па така се вратив дома. Најдов машки чевли пред врата и веднаш ми се исекоа нозете.
Ми надојде крв во главата, искорнав еден колец од патлиџаните во двор и бев спремен да го претепам швалерот на жена ми.
Влегов во спалната соба и се шокирав кога во мојот кревет, врз мојата жена беше мојот кум, човекот за кој и животот ќе си го дадев. Од стрес онемев, ми испадна колецот од раце и излегов од соба. Набрзо и тој излезе, пројде покрај мене без да ме погледне, барем да ми кажеше извини, штознам…
Кога се прибрав и си дојдов на себеси, к*ата ја избркав од дома. Не и дозволив да ги земе синовите, ама додека си заминуваше ми викаше ШТО Ќе ТИ СЕ СИНОВИТЕ КОГА ИОНАКА НЕ СЕ ТВОИ!!!
Сега не знам што да мислам, никому не му верував кога ми велеа дека жена ми ме изневерува, па ми се случи ова, сега таа ми вика дека децата не се мои.
Боже што да правам? Дали да правам тест за проверка за да откријам дали се мои? Јас многу ги сакам, ама после ова не знам што да мислам и се’ ми е измешано во главата.