(ВИДЕО) Белград во паника: Три тела пронајдени во септичка јама

Белградската полиција синоќа околу 23 часот нашла три тела во септичка јама зад шопинг центар во Сурчин.

Како што неофицијално дознава Вечерње новости, Драгослав Јовановиќ кој пред неколку дена ја убил својата сопруга а потоа и себеси, е осомничен дека ги убил и трите лица чии тела се најдени во септичката јама.

Како што пишува српскиот весник, станува збор за бизнис соработник на Јовановиќ, 42-годишниот Ш.Н., неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М. Убиецот наводно пред да ги убие се изживувал врз нив.

Тој упаднал во нивниот стан сред ноќ со уште тројца мажи, со кои почнал да се изживува врз нив.

По убиството ги фрлил во септичка јама на имот сопственост на неговиот татко, познат под прекарот Стаклени, познат локален криминалец.

Три дена подоцна Јовановиќ ја убил сопругата и извршил самоубиство. Дека има врска со трите исчезнати лица, се посомневал неговиот татко.

Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет, изјавил извор близок до истрагата за српски „Телеграф“.

Loading...