Грција е минато: Сега друга држава се заканува со вето за Македонија, но тоа не е Бугарија

0

Откако со Преспански договор го надмина грчкото спротивставување за членство во Европска унија, сега Македонија се соочува со вето од – Кипар!

Известувајќи за вчерашниот судир на членките на ЕУ околу почетокот на преговори со Македонија и со Албанија, Хрватска информативна новинска агенција (ХИНА) јави декаКипар се заканил со вето на идните проширувања ако Унијата со поостар став не ги запре турските дупчења во водите околу поделената островска држава.

Големо е несогласувањето на владите и не е сигурно дека ќе се постигне договор – открил синоќа дипломат од ЕУ за ХИНА.

Несогласувања и понатаму постојат во врска со нацртот во кој би требало да стои дека проширувањето зависи од способноста на ЕУ да се реформира, како и од способностите на новите членки да се интегрираат. Според најновата верзија на изјавата во која новинската агенција Ројтерс имала увид, одлуката за отворање преговори со Северна
Македонија и со Албанија се одложува до октомври, односно дури откако со тоа прашање ќе се позанимава германскиот парламент.

Состанокот се искомплицира бидејќи Кипар се закани дека ќе го блокира целиот текст за изгледите за пристапување на нови членки во Европска унија, а во таа група се уште Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – јави државната новинска агенција на Хрватска.

Претходна статија(ВИДЕО) Белград во паника: Три тела пронајдени во септичка јама
Следна статија(ВИДЕО) Братот на Даниел Кајмакоски тргна по неговите стапки: Звучи подобро и од него