Разочарана невеста: Поради едноставна причина не сакам да ги видам на мојата свадба

0

-Организацијата на венчавката е многу стресна задача за секоја невеста Поканите за венчавка треба да бидат јасно напишани – ако на нив не пишува „ПЛУС 1“ тогаш се подразбира дека на церемонијата треба да се појавите сами.

Една невеста се нашла во стресна ситуација бидејќи дознала дека бројот на гостите ќе го надмине планираниот – кој била во можност да го плати. Па така, се сетила да ја отповика поканата и да замоли еден пар да не се појавуваат на венчавката.

-Дали сум неразумна ако некого замолам да не доаѓа на мојата свадба? Вчера вереникот ми рече дека кај него на работа зборувале за нашата венчавка и дека неговата колешка рекла како таа и нејзиниот сопруг едвај чекаат да дојдат на нашата церемонија. Проблемот е во тоа што нејзиниот сопруг не е поканет, а поканата не важи за „плус 1“.

Партнерите не се повикани, бидејќи во спротивно, тоа ќе беше напишано во поканата. Ние организираме мала венчавка и во можност сме да платиме за 50 лица, а со тоа ние го надмашуваме буџетот, бидејќи ќе треба уште доста да доплатиме. Ја проширивме листата за да можат и нашите колеги да дојдат, бидејќи првобитно планиравме само 46 гости.

Јас неговите колеги воопшто не ги познавам, а ќе ги видам првпат на венчавката, а не пак нивните партнери. Вереникот не кажал ништо на коментарот на колешката, бидејќи му било непријатно и му било срам. Ниту тој не го запознал никогаш нејзиниот сопруг – напишала таа на сајтот Mumset.

Некои од корисниците ја советувале да ја откаже поканата бидејќи тоа е бездобразлук. Луѓето кои мислат дека партнерите се подразбираат би требало подобро да ги читаат поканите. Ако на поканата која што сте ја добиле не пишува дека дека може да поведете уште некој со себе, тогаш се подразбира дека треба да се појавите сами.

По некое непишано правило, луѓето кои се во брак треба да добијат покана и за своите партнери, но доколку младоженците не се во финансиска можност, тогаш е подобро да се консултирате со нив или да одите сами.

Фото: opanak

Претходна статијаАко го видите ова ноќта спроти Благоец може да добиете богатство
Следна статијаБобан од Прилеп: Работа на брод – се заработуваат многу пари, но се работи и по 14 часа дневно!