Ако го видите ова ноќта спроти Благоец може да добиете богатство

0

Во недела е големиот празник Благоец, денот кога според верувањата змиите се будат. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.

Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, каде иконите посветен на Благовештение и да се помолат.

Нема попрецизни податоци од кога се празнува овој празник. Се знае сигурно дека се празнувал во 7 век, но некои сведоштва укажуваат дека тој се празнувал и неколку векови порано.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отворала уста и кукала но никогаш не кукала пред Благовец како што пупал пупунецот.

На овој ден се до Велики Петок се смета дека е добро да се започне нова работа.
Се носат и важни животни одлуки.

Но сепак, најинтересното верување за Благоец е дека ако ноќта спроти празникот се појави оган, се смета дека на тоа место има скриено богатство.

Претходна статијаДушан, Лазар, Богдан, Теодора… Дали го знаете значењето на Библиските имиња
Следна статијаРазочарана невеста: Поради едноставна причина не сакам да ги видам на мојата свадба