Погледнете ја куќата во која е роден Зоран Заев и селото во кое растел (видео)

0

Зоран Заев е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица. Родителите на Заев имаат потекло од струмичкото село Муртино. Заев основно и средно образование завршил во родниот крај.

Дипломирал на економскиот факултет во Скопје во 1997 година, а потоа се запишал на магистерски студии на истиот факултет, на студиската програма по монетарна економија. Оженет е со Зорица Заева со која има две деца.

Професионалната кариера ја започнал во фирмата „Тргопродукт“ – Струмица каде работел во периодот 1997–2003, а во 2001 бил именуван за директор на истото претпријатие. Бил член на управниот одбор на штедилницата „Пеон“ во периодот 1998–2003, како и член во управниот одбор на индустријата за градежни материјали „Еленица“ од 2001 до 2003 година. Во периодот 2000–2003 ја вршел функцијата претседател на управниот одбор на јавното претпријатие „Комуналец” – Струмица.

Заев станува градоначалник на општина Струмица на 22 март откако победил на локалните избори во 2005 година, наследувајќи го претходникот Кирил Јанев од ВМРО-ДПМНЕ и станувајќи четврти градоначалник на општината по независноста. На 17 јули 2008 година, поради сомнеж за злоупотреба на службената положба при изградба на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, Заев е уапсен заедно со уште петмина соработници. Случајот бил затворен по аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со која Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода.На локалните избори во 2009 година, тој по втор пат бил избран за градоначалник.

Во текот на овој мандат е реконструиран градскиот плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица кој добива речиси нов лик и е еден од најголемите проекти на Заев како градоначалник. Во 2013 година по трет пат победува на локалните избори. Во декември 2016 година по парламентарните избори Заев се повлекува од функцијата градоначалник и на негово место на 22 декември доаѓа заменик градоначалникот на општината Костадин Костадинов кој е вршител на должноста сè до локалните избори во 2017 година кога победува Коста Јаневски, исто така од СДСМ.

Во емисијата 360 степени, едно од изданијата направено од новинарската Славица Филиповска, е покажан патот по кој Заев се движи од раѓање па се до ден денес. Погледнете го училиштето каде учел, селото и куќата каде е роден:

Претходна статијаОвие хороскопски знаци ќе ви забодат нож во грб кога најмалку се надевате
Следна статијаБолката не се намалува – Лила ја отвори душата и проговори за него