Толку од убавото сончево време – подгответе се за промена

0

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Но, метеоролозите имаат и лоши вести.

До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време.

Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.

Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претходна статијаЖивеела тешко, немале ништо, но сепак одгледала седум сина – еве како денес живее оваа мајка
Следна статијаПозната причината поради која Лепа Брена не сака да ја нарекуваат баба на Александар