Што крие песната со која Дивна Карлеуша беше испратена Видео

0

Ожалостеното семејство на водителката Дивна Карлеуша донесе одлука до вечното почивалиште, помеѓу останатато, да ја испратат со песната „Била је тако дивна“ во изведба на Белградскиот дувачки погребен оркестар.

Инаку, оваа песна на просторот на бивша Југославија со голем успех ја изведе пејачот Драган Стојниќ.

Пејачот своевремено со оваа, една од најубавите љубовни песни, победи на фестивалот „Микрофонот е ваш“ во 1964 година во Краљево.

Семејството се одлучило за неа поради стихот „Дивна је она била“.

Гробот на водителката е прекриен со цвеќе, а утрово некој бил на нејзиното вечно почивалиште и запалил свеќа, а српските медиуми пренесуваат дека Јелена е таа која била на гробиштата.

Неутешната пејачка вчера и на комеморацијата и на погребот постојано плачеше, а во еден момент и се слоши, па ја придржа сопругот Душко. Најпотресно беше кога пејачката падна врз ковчегот и ја довикуваше својата мајка да се врати.

Претходна статијаУште не му се родил синот, а Keмал го направи ова – фановите разочарани на што се е подготвен Бали-бег
Следна статијаСе огласи и директорот Поповиќ – кажа што ќе се случува со жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и дали останува Марија