Возачот на автобусот кој се преврте кај Ласкарци имал казна за непочитување на возниот ред

0

Државниот инспекторат за транспорт последна контрола на автобус на компанијата „Дурмо турс“ направил лани во ноември. Инспекторите утврдиле дека има уредна документација, но возачот добил казна поради непотичување на возниот ре.

-Инспекторите констатирале дека автобусот е сосема исправен во однос на она што ние го контролираме. „Дурмо турс“ има лиценца со важност од пет години за меѓународен и меѓуопштински сообраќај, има дозвола, а имале и дозвола за техничко-експлоатациони основи, документ што го издаваат станиците за технички преглед. Контролата е направена на 16.11.2018 година на автобуската станица во Кичево.

Возачот добил казна за непочитување на возниот ред, односно застанал да прими патници, на место што не е предвидено за застанување, изјави за А1.он, директорот на Инспекторатот, Руфат Хусеини.

Од „Дурмо турс“ изразија сочувство до семејствата на загинатите и повредените, но причините за трагедијата, велат дека ќе ги очекуваат од истрагата.

„Кобен ден и голема трагедија за компанијата, за повредните, за семјествата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочувство на загинатите и семејствата. На повредниете им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа“, велат од Дурмо – Турс.

Портпаролот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Ристо Манчев во Централниот дневник на 1ТВ, изјави дека издавањето на лиценците за превозниците и контролата на возачите е во надлежност на министерствата за внатрешни и за транспорт и врски. РСБСП повторно апелира да биде направена темелна истрага, но и посериозна анализа дали системот за безбедност на сообраќајот на патиштата може да ги превенира ваквите несреќи. Тој вели дека сообраќајниот систем и безбедноста на патиштата во една земја пред се е одраз на целокупниот општествен систем и на културата на однесувањето на учесниците во сообраќајот.

-Според законот, патниците се должни да користат појас секаде каде што тие се фабрички вградени. Според правилникот за техничка исправност на автобусите, за автобуси кои вршат превоз на меѓуградски растојанија, појасот е задолжителен само за возачот и за предните седишта на автобусот.

Во 2006 ЕУ донесе Директива по сообраќајна несреќа со автобус во Франција, со голем број на загинати, според која беше задолжително сите држави да воведат законска регулатива според која носењето појаси за сите патници во автобусите треба да стане задолжително. Тоа го немаат имплементирано сите држави од ЕУ, Македонија во процесот на пристапување ќе мора да ги имплементира и тие стандарди, рече Манчев.

Претходна статијаСпасовски: Говорот на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор
Следна статијаРодени под среќна ѕвезда: Убедливо најсреќни во животот се овие два хороскопски знаци