Деа Ѓорѓевиќ се разбудила после тешката операција во шок-соба. Била свесна и комуницирала со докторите, пренесува Курир.рс
Како што пренесуваат српските медиуми, операцијата поминало во најдобар ред, траела долго и била мошне тешка, но на крајот докторите сепак успеале да и ја спасат раката на водителката Деа Ѓурѓевиќ и успешно да ја вратат циркулацијата во откинатиот екстремитет. Таа пред да стигне во телевизијата на утринската програма беше покосена од градски автобус додека стоеше на тротоарот.
Како што објави „Ало”, несреќата се случила откако водителката имала полесен судар со друг автомобил. Во моментот кога излегувала надвор од нејзиното возило, за да се договори со возачот со кој се судриле што да прават, налетал градски автобус и и’ ја откинал раката.
Првите зборови кои ги изговорила биле: „Фала му на Бога, жива сум“.
Да потсетиме, Деа утртинава доживеа тешка сообраќајна несреќа, откако автобус и ја откина раката. Операцијата е успешно завршена, а раката прешиена.