Таа вистинска хероина: Марија прва ѝ помогнала на Деа – „Не беше свесна дека нема рака“ ФОТО

0

Деа Ѓурѓевиќ, водителка на „Утринската програма“ на „Пинк“, која доживеала тешка сообраќајна несреќа на Вождовац, кај болницата „Д-р Драгиша Мишевиќ“.

Деа најпрво имала лесна сообраќајна несреќа, кога на неа налетал друг автомобил. Во моментот кога излегла од автомобилот за да се негодува околу материјалната штета, во неа влетал автобус кој сообраќал на линијата 78.

Освен што ѝ ја откинал раката,, од силниот удар Деа ја отрфлил и удрил директно во ѕид.

-Автобусот буквално ја залепи за ѕидот од болница. Главата ѝ беше крвава. Неверојатно како после тоа беше во свесна состојба и успеа дури прибрано да комуницира и соработува со лекарите од Итната помош – раскажал еден од очевидците.

Водителката освен што ја изгубила раката, се здобила со тешки телесни повреди на главата, бутната коска и потколеницата.

За среќа немала внатрешно крварење, па веднаш била примена да се оперира, што дополнително ги зголемило шансите раката да ѝ биде спасена.

Марија Димитријевиќ е девојката која меѓу првите притрчала да ѝ помогне на српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, која доживеа тешка сообраќајна несреќа, кога автобус удри во неа и ѝ ја откина раката.

Марија е здравствен работник, а работи на приватна клиника како лаборант. Таа се наоѓала во автобусот кој учествувал во несреќата, а штом излегла слушнала вресок.

„Излегов и слушнав некој како вреска, па дотрчав. Прво не сфатив што се случува и дека нема екстремитет, но кога погледнав празен ракав, ми беше јасно. Помисли дека раката е само скршена, но набрзо ми стана јасно. Седнав покрај неа, не знаеше што ја снашло, беше страшно“, вели таа и додава:

“Мислам дека не беше свесна дека нема рака, не ѝ доздолив да се допре за ракав со другата шака. Просто ќе доживееше само шок. Тоа беше сцена како од хорор филм. Тоа ретко кој може да дојде до себе од шок. Многу ми е драго што успеале да ја спасат со операција“, вели храбрата девојка.

Претходна статијаРодени без к’смет – Хороскопските знаци на кои среќата често им бега пред нос
Следна статијаНајкраткиот брак на светот: Побарала развод после три минути, а луѓето велат дека била во право