Времето оваа недела целосно се менува, по сонцето, следат дожд и снег.
Што се однесува до температурите, минимумот речиси секаде ќе бидат под -10 а дневната ќе порасне најмногу до +7 степени Целзиусови.
Во текот на денешниот ден ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час, сето ова ќе биде најава за нагла и голема промена на времето која треба да се случи утре кон крајот на денот и навечер, односно од запад ќе започнат врнежи од дожд и во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде а локално во западните делови ќе наврне и позначително количество на воден талог, и тоа над 20 л/м2 а има услови и за појава на атмосферски процеси во вид на локални грмежи и поројни врнежи од дожд.
Во текот на ноќта кон вторник поради спуштање на многу постуден воздух од север температурите на воздухот нагло ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе додека врнежите од дожд освен на повисоките места ќе поминат во снег и на некои од пониските места и тоа особено на запад и на север од државава.
Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени додека од вторник поради студениот бран значително ќе опаднат и најстудено ќе биде во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени додека во утринските часови температурите понекаде ќе се спуштат и до околу -12 степени.
Исто така во вторник и во среда локално ќе има послаби врнежи од снег додека на повисоките места и на планините ќе се формира нова и ќе се зголеми снежната покривка, услови за потенка снежна покривка ќе има и понекаде на пониските места, особено на запад и на север.
Ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Очекуваме локално удари на ветер и од над 80 км/ч.