Кувајт е на прво место по разводи во регионот. Така, 60% од склучените бракови завршуваат со развод, а меѓу причините е и склучувањето бракови од интерес.
Во Кувајт неодамна бил склучен најкраткиот брак на светот, пренесуваат тамошните медиуми.
Се било многу неочекувано и набрзина, иако целиот настан почнал сосема нормално како секоја друга венчавка.
После извршувањето на должноста на матичарот и ставањето на потписи во документот, брачниот пар излегол надвор од општината, за да прослави. Меѓутоа, при излегувањето невестата се сопнала.
Младоженецот можел да ѝ помогне, но можел и да молчи. Тој одбрал да ја исмева и да ѝ објаснува колку е глупава поради тоа што и се случило.
Невестата во афект од бес и понижување, истата секунда побарала развод на лице место. Во брак биле само три минути.
Се уште не е официјално дали матичарот ја прифатил нејзината молба, но оваа невеста на интернет има целосна поддршка.
„Ако така се однесува на почетокот на бракот, на што да се надеваш понатаму? Добро е што си го оставила“, напишала една интернет корисничка.
„Клучот до добриот брак е почит, а тој паднал на овој испит веднаш после венчавката“, напишала друга.