Најчевска распали по СДСМ: Ништо не сменивте-си влеговте во разгазените чевли на ВМРО-ДПМНЕ

0

„Антикорупциската комисија ќе ја водат докажани кадри од претходниот систем и кадри од доверба на владејачките партии. Браво. Сега навистина никој не може да ве обвини за реваншизам.“ – пишува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска за прворангираните кандидати за антикорупционери.

Бодовната листа е објавена, а веќе денес треба да се најде пред комисијата за избори и именувања на која , според рангирањето треба да се изберат претседател и шест членови.

„Сега навистина никој не може да ве обвини за реваншизам.

За до крај да ја завршите работата мислам дека треба Мијалков да го вратите на неговата стара функција. Еве примам опклади дека од овој и ваков состав на оваа комисија нема да произлезе ниту еден случај со кој ќе биде засегнат било кој моќник.

Имав право за Катето – чипка, имав право за нежното човече кое го седнавте во столицата на ЈО, имам и сега. Не ве бидува дечки. Ништо не променивте. Напротив, со задоволство си влеговте во разгазените чевли на ВМРО-ДПМНЕ“ – пишува понатаму во статусот професорката.

Имено, во прворангираните имиња за антикорупционери влегуваат двајца досегашни кадри од државната комисија за спречување на корупцијата, двајца ревизори, двајца претставници од локалната самоуправа и еден новинар.

Сепак, комисијата може и негативно да се произнесе за издвоените но Собранието е на потег.

Претходна статијаКаква е таа жена: Мајка ми ме изфрли на улица за да живее со љубовникот
Следна статијаНикако да се смири: Аца Лукас направил сообраќајка и побегнал