Ќе се наполните со пари, ако го направите следното во вашиот дом

0

Фенг Шуи филозофијата порачува дека растенијата се основата за добра енергија.

Освен тоа што носат рамнотежа и позитивност, некои растенија наводно носат и одредени типови на среќа.

Така, волшебниот цвет на орхидејата, според Фенг Шуи, древна кинеска вештина, ставена во просторот користи за пронаоѓање нова љубов.

Орхидејата во спалната соба на ноќно орманче покрај кревет или на прозорец ќе биде исто така, многу убав украс и на самиот простор.

Фенг Шуи мајсторите веруваат дека бамбусот привлекува позитивна енергија, успех и стабилност во врската.

За повеќе успех и пари во домот посадете три или девет бамбуси, а најдоброто место за нив е левиот дел од куќата кој е најмногу оддалечен од влезната врата, сметаат мајсторите на оваа кинеска вештина.

Златниот бршлен е растение кое е заслужно за одбивање на негативната енергија. За него идеална локација е празно место во станот или куќата или празни полици.

Фенг Шуи инаку е древна кинеска вештина за уредување на просторот за живеење во синергија со околината во која се живее, на начин да се привлече позитивна животна сила Чи во своите домови и својот живот, заради осигурување на среќа на целото семејство и своите потомци.

Многумина луѓе го промениле својот живот од корен благодарение на Фенг Шуи. Нашиот живот, како внатрешноста така и од околината која нас не опкружува е одраз на нашата ментална состојба, а тоа е повторно одраз на околностите. Ако промениме едно се променува друго, но не е поентата да се направи било каква промена туку мораме да примениме некои проверен систем, а Фен Шуи е баш таков систем.

Според тој систем вашиот дом е првото ниво на вашата животна околност и неопходно е да биде уреден како треба за да може да се канализира вашата ментална енергија. Некои делови на тоа уредување, односно канализирање на енергијата, која се одразува на нашето здравје, а на некои на прилив на пари.

Суштината е во тоа што нашата околина во нас создава ментална слика. Фенг Шуи нас не учи да постигнеме со уредување на својот дом. Меѓутоа, некогаш тоа подразбира да срушиме некој ѕид или да набавиме некое скапо парче мебел, што денеска тешко е тоа остварливо. За среќа па постои начин ефтино, лесно и брзо тоа да го постигнеме со Фенг Шуи, еве како.

Со употреба на складни бои и фото- тапет кој служи за активирање на одредени сегменти од животот, создавате приказна која сакате да ја живеете.

Просторот во кој престојувате треба да биде место каде душата ужива. Влијанието на просторот на живот, здравјето на човекот и неговито успех е огромен. Во склад со тоа искористете ја можноста што фототапетот ја носи.

Меѓу најбараните фототапети за Фенг Шуи се имитација на природни материјали, како што се дрво и камен, но се бара повеќе и фототапети за во кујна и тоалет.

Експертите советуваат да рабтите на енергијата во сопствениот дом. Преместувајте, средувајте, померувајте, реодвно реновирајте бидејќи со тоа ја менувате енергијата, а откако таа ќе се подобри и вашето секојдневие ќе „тргне“ по нов пат.

Претходна статијаДушан од итната помош што ја спаси водителката: Деа имаше многу среќа
Следна статијаИ тоа се случи: Ова бебе е доказ за божјо чудо