Душан од итната помош што ја спаси водителката: Деа имаше многу среќа

Болничарот од итната помош Душан Вранешевиќ беше прв кои и помогна на повредената српска водителка Деа Ѓурѓевиќ.

“ Нејзе раката и беше истргната во близината на рамото, и за чудо, раната не крвареше. Нејзе организмот буквално и се смрзна.

Тоа го знам бидејќи јас веќе го подготвував ременот со кој треаше да и ја стегнав раната, ама немаше потреба од тоа.

Ако нејзе и течеше крв ид раната, како што е обично при вакви повреди, она за кратко време ќе искрвареше“ – изјавил Душан за курир.рс, и додава:

“ Откако се случи несреќата некој од присутните се стрчаа да ја носат Деа во болница. Не им дозволив да и пријдат, објаснувајќи им дека не смеат да ја помрднуваат. Од друга страна, ми викаа јас да ја возам, но немав услови за тоа.

И најважното, сите ги предупредив, девојката не смее да знае дека раката и е откината. Видов дека се обидува да ја помрдне, не знаејќи дека ја нема.

И зборував дека раката и е тука и дека е повредена. Цело време се обидуваа да и го отргнам вниманието од раката – објани Вранешевиќ.

Loading...