Познато е дека прељубата е нешто што сѐ почесто се случува во денешно време. Па затоа, луѓето своите проблеми од неверството ги изнесуваат преку медиумите.
На тој начин се ослободуваат од притисокот, а воедно и добиваат корисни совети од луѓето кои имале слични искуства.
Во морето со разни исповеди, приказната на еден анонимен маж, многу нѐ заинтригира и најверојатно во неа многумина ќе се пронајдат. А еве за што се работи.
“Мојата сопруга, јас и нашите деца отидовме на одмор со мојот најдобар пријател и неговата сопруга, кои имаат деца на возраст како нашите”, ја започнал својата приказна мажот, кој посакал да остане анонимен.
“Престојувавме во вила во Шпанија и последниот ден одлучивме да го посетиме водениот парк. Во последен момент сопругата ми рече дека се чувствува лошо и одлучи да остане во вилата.
А мојот најдобар пријател беше спречен да тргне со нас, поради важен повик од работа.
Кога стигнавме, сфатив дека ја заборавив влезницата за во паркот, на мојата најмала ќерка и наместо да платам нова, се вратив во вилата по старата.
Кога стигнав таму, слушнав дека од нашата спална соба се слушаат звуци и ја затекнав својата сопруга со најдобриот пријател, заедно во кревет.
Се чувствував изненадено и ужасно.
Го познавам својот најдобар пријател веќе 30 години, а јас и мојата сопруга сме заедно повеќе од 10 години. Ова што ми го направија е нешто што не му го посакувам на никој.
Кога се вратив назад во водениот парк, сето тоа што го видов, ѝ го пренесов на неговата сопруга, која речиси се распадна пред своите деца и почна да плаче и да вика. Тоа е нешто поради кое многу се каам, не требаше да ѝ кажам.
Сите моравме заедно да се враќаме накај дома и тоа беше најтешкиот ден во мојот живот. Сега кога конечно сме дома, мојата сопруга вели дека многу се кае за сѐ и дека тоа се случило само два пати, што било најголема грешка.
Таа вели и дека се чувствува запоставено, бидејќи јас премногу работам, но тоа е неизбежно за да им обезбедам убав живот на своите деца.
Децата сепак се најважни. Не знам што да правам”, ја завршил својата исповед мажот кој се чувствува ужасно и на кој му е потребна голема поддршка.