Турскиот актер Бурак Озчивит или кај нас моментало попознат како Кемал од турската серија „Карасевда“ во месец април ќе стане татко за првпат.
Тој во интервју за магазинот „Hello“, открива дека со сопругата Фахрие се пресреќни за новата животна улога која им претстои.
Актерката речиси е кон средината на бременоста, а сега среќниот иден тато на јавноста и откри дека ќе добијат машко бебе.
Тие од корен ги промениле животните навики и едвај чекаат кога во нивниот дом ќе пристигне синчето.
-Среќни сме и возбудени, тоа е чувство кое не може да се опише, вели атрактивниот турски актер.
Кемал од Карасевда го одврза ќесето, па за своите баба и дедо, или мајката и таткото на убавата Фахрие која ќе му го роди првото дете, даде три милиони евра.
Тој им купил куќа, за нивното дете да има каде да си игра со нив и каде да седат кога се во Истанбул.
Кемал не штеди кога се работи за неговата сопруга.
Сите го критикуваат Кемал од „Карасевда”, хит серијата на Сител, откако неговата бремена сопруга Фахрие или позната како Неџла од „Кога лисјата паѓаат” заврши во болница.
Фановите и турските медиуми го искритикуваа актерот кој се врати со сопругата од зимување откако таа настинала, велејќи дека не се грижи за неа.
На една фотографија таа е на снег недоволно топло облечена, па фановите распалија по парот.