Премиерот Заев побара сите вработени роднини на функционерите да се повлечат од работните места

0

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави дека премиерот Зоран Заев ќе побара од сите роднини на функционери на СДСМ кои изминатиов период беа вработени во државни институции и компании да се повлечат од местата.

-Зошто токму сега огласи? Ќе повторам, затоа што институциите имаат реална потреба за тој кадар. За блиски роднини и пријатели кои се вработени, морам да кажам дека тоа не се наши вредности. Ние правиме анализа, и за тоа ние немавме информација.

На барање на примиерот, тој бара сите тие да се повлечат. Излеговме од еден ситем со такви вредности каде имаша партиски вработувања и ние се бориме да го промениме тој систем и да го смениме таквиот начин на размилсување. Ние признаваме дека имаме притисок и од наши членови дека тие очекуваат да бидат вработени во државни институции и некои успеале, рече Манчевски.

Премиерот Зоран Заев вчера пред седницата на Извршниот одбор на партијата запрашан за коментар во врска со актуелните случаи на вработувања на деца и роднини на функционери и пратеници во државни и општински институции и компании потенцираше дека тие ќе бидат разгледани и доколку има одредени неправилности и протекционизам ќе биде побарана одговорност.

Ќе направиме анализа, рече премиерот, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или било какво влијание секако ќе бараме полекување. Зборуваме, вели Заев, за дваесеттина места од 40.000 на пример работни места или еве нека се 25.000 во јавни институции општински, државни и акционерски друштва, јавни претпријатија и слично , но и да се работи за две места треба тоа да биде транспарентно.

-Веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин. Не е доволно, потенцира тој, само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, туку тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано, рече Заев.

Претходна статијаФановите жестоко распалија по Кемал од Карасевда: Така ли се грижиш за бремената сопруга
Следна статијаПознати се имињата на повредените патници примени во Градска болница