Турската серија “Карасевда” која се емитува секоја вечер на Сител телевизија успеа по првите неколку епизоди да стане најгледана телевизиска програма во Македонија.
Љубовната приказна меѓу Кемал и Нихан пред која и небото ќе заплаче, а и морето ќе се повлече, успеа да ја заинтригира македонската гледачка публика која секојдневно исчекува дали ќе се оствари големата и бескрајна љубов на протагонистите.
Но, она што особено привлекува внимание, покрај главните ликови, е и главниот негативец Емир. Тоа е лик кој физички е атрактивен и сексипилен, но неговата посесивност кон сопругата ги надминува сите граници на разумот и неговите постапки до крајот ќе ги шокираат гледачите.
Неговата егзотична убавина се должи на тоа што актерот Каан Урганџиоглу води потекло од арапските земји.
Додека студирал на отсекот по пазарен капитал, не ни помислувал дека еден ден ќе се занимаа со глума. Но, по запознавањето со една турска глумица, вратите од големиот шоу бизнис се отвориле за младиот Каан.
Трускиот актер Каан Урганчуоглу (37) и не е баш некој омилен лик од серијата „Карасевда“ каде ја игра улогата на лошиот Емир Козчуоглу кој поради невозвратената љубов на Нихан е подготвен на се.
Токму оваа улога е онаа што најмногу го прослави, иако досега има бројни филмски улоги.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, тој изминатите неколку години доста ги менуваше девојките, а сега е во врска со Зејнеп Ојмак која исто така е актерка.
Засега им оди одлично во љубовта, а дали ова ќе биде „крајната станица“ од ергенскиот живот за Каан, остана да видиме…