Српската водителка открила како се чуствува по тешката несреќа – Деа рекла што чувствува во раката

0

Деа Ѓурѓевиќ денеска во раните утрински часови доживеала тешка сообраќајна несреќа пред болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“ каде на неа налетал автобус додека стоела на улица, за да ја утври штетата после судирот со друг автомобил.

Во близина на болницата “Dr. Dragiša Mišović” дошло до судир на два автобуси и три автомобили во кој тешко е повредена водителката на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ.

До несреќата дошло така што Деа имала полесен судир со друг автомобил, а во моментот кога излегла од автомобилот за да се договори со другиот возач што да прават на неа налетал автобус кој ѝ ја откинал раката.

ако според првичните информации се смета дека докторите ѝ ја ампутирале раката на местото на несреќата, тоа не се случило. Имено, водителката останала без рака кога ја удрил автобусот, пренесува Телеграф.рс.

Деа е денеска оперирана, а за време на операцијата лекарите успеале да ѝ ја спојат раката која ѝ била ампутирана за време на страшната несреќа.

Српските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до смејеството на Деа, пишуваат дека водителката на утринската програма на телевизија „Пинк“ веќе има чувство во раката која ѝ е оперирана.

-Страшно, сите се потресовме, ова утро беше ужасно. Деа сега е подобро и тоа на сите нам ни влева надеж. Таа веќе ја чувствува својата рака и тоа е она што не израдува во овој тежок момент. Тоа е големо олеснување – открил изворот.

За успешноста на операцијата зборувал и академик проф. д-р Марко Бумбаширевиќ кој бил на чело на лекарскиот тим кој ја оперирал водителката.

-Уморен сум, истоштен, испотен, уште не стигнав да се пресоблечам. Одлично ја прешивме раката. Секако, ќе мораме уште да ја следиме ситуацијата, но очекуваме сосема нормално да ја користи – порачал докторот.

Претходна статијаАна Бекута: Синот го оставив во дом, тие 8 месеци ми беа најстрашната епизода во животот
Следна статијаЕмир во Карасевда има многу афери, но и во приватноста смени многу девојки – Последната е позната актерка ФОТО