Добри вести за водителката Деа на која автобус и ја откина раката

0

Тешко повредената водителка Деа од Србија на која во четвртокот по несреќа со нејзиниот автомобил, автобус и ја откина раката, по што со многу труд лекарите и ја спасија, се огласи конечно од болничката постела и докажа каков борец е таа. Нејзиниот партнер раскажа што му рекла.

– Не знаеш како е себе да се видиш без раце. Беше страшно, рекла водителката.

Таа со тешката повреда и крвавата рака буквално седела будна и чекала Брза помош.

На чело на тимот кој се грижи за Деа е еден од најдобрите експерти во медицината, доктор Марко Бумбашаревиќ која за pink.rs истакна дека здравствената состојба на Деа е одлична.

„Само што се вратив од визита. Само што ја прегледав. Деа се чувствува одлично, психички и физички, а она што е супер што анализите се одлични“ вели докторот.

Тој истакна дека за нејзино оздравување ќе биде потребно време, но дека прогнозите се одлични.

Како што изјави претходно, станува збор за тешка повреда и дека сите елементи на раката биле откинати: и коските и сите мекоткивни структури. Поради тие причини, оздравувањето ќе трае подолго.

„Раката беше испадната, но успеавме да ја сошиеме, што спаѓа во доменот на невозможното. Од невозможно, направивме возможно“ вели доктор Бумбаширевиќ.

Докторите по долга операција уепејаа да ја спасат и да и ја сошијат раката, а добрата вест од српските медиуми е дека таа повторно ја чувствува.

Страшната несреќа се случи во четвртокот во шест часот кога водитеката тргнала на работа.

Претходна статијаСтуден бран кон Македонија: Се очекува нагло да паѓаат температурите, снег и ветер кој сече
Следна статијаГо гледаме во хит серијата на Сител – актерот се заљуби во убавата турска актерка па љубовта пукна