Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јануари.
Денеска е Св. бесребреници Кир и Јован.
Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте. Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован.
Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на римските власти. Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.
Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје.
Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но, како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во Арабија, па луѓето му прибегнуваа за помош. Кога Јован, тогаш римски офицер во Едеса, слушна за Кир, појде во Арабија за да го види.
Тие кога се видоа се засакаа еден со друг како двајца браќа и останаа заедно да се подвизуваат. Во тоа време мачителите ја мачеа некоја маченичка Атанасија христијанка, со нејзините три ќерки во Каноп. Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата.
Овие свети маченици извршија безбројни чуда за време на животот и после смлртта. Нивните мошти во времето на царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.
Верниците ги повикуваат на помош при несоница, при осветување на вода.
Свети Кир и Јован се сметаат за заштитници на братската љубов, пријателствата и искреното другарство.
Се верува дека ќе им помогнат на сите оние чие пријателство е ставено на искушение. Се верува дека тие ќе ги заштитат сите оние кои денеска ќе се помолат.