Што треба да направите утре за светата вода да биде делотворна – овие работи избегнувајте ги

0

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Свето Богојавление – (Теофанија, некаде познато и како Епифанија) е еден од дванаесетте Господови празници. Може да се каже, дека Рождеството и Крштението Негово, сочинуваат едно торжество – празникот Свето Богојавление). Имено, во единството на овие празници на светот му се јавуваат сите три личности на Пресвета Троица. Заради ова празнично единство, во периодот од Божик до Водокрстот пред Богојавление – не се пости.

Во витлеемската пештера се роди во тело Синот Божји, а при Неговото Крштение, од отвореното небо „Светиот Дух слезе на Него во телесен вид, како гулаб” и бил слушнат гласот на Бог Отецот, „кој вели: Ти си Мојот возљубен Син; во Тебе е Мојата благонаклоност!” Светата Црква на празникот Крштение Господово ја утврдува нашата вера во највисоката, за разумот недостижна Тајна на Трите Личности на Едниот Бог и нè учи рамночестно да ја исповедаме и прославуваме Света Троица – Едносуштна и Неразделна.

Св. Јован Златоуст пишува, дека „не денот, во кој се родил Спасителот, треба да се нарекува јавување, туку оној ден кога Тој беше крстен. Не преку Своето раѓање Тој на сите им стана познат, туку со Крштението, па затоа и Богојавление се нарекува не денот, во кој Тој се роди, туку оној ден, во кој се крсти.”

Корените на празникот Богојавление водат до апостолските времиња. За него се спомнува во Апостолските установи. Од II век е зачувано сведоштво од св. Климент Александриски за празнувањето на Крштението Господово и за ноќно Бдение што се служело пред овој празник.

Во спомен на Крштението, при кое Исус Христос се потопил во Јорданските води, Православната Црква од дамнини во навечерието и на самиот празник извршува големо осветување на водата. Празничното осветување на водата својот почеток го има во традициите на Ерусалимската Црква, каде уште во I век на Христијанството се извршувало празнично излегување кон реката Јордан, за спомен на крштението на Спасителот со правење водосвет. Според древната традиција, на овој ден, по празничната света Литургија, се прават црковни литии на реки, базени и извори каде се врши чинот на големо осветување на водата.

Во древната Црква било обичај огласените т.е. кандидатите за крштевање да се крстат во навечерието на Богојавление, бидејќи Крштението е духовно просветување на луѓето.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува.

Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Претходна статијаБидете многу внимателни – Голомразица предизвика сообраќајна несреќа вечерва во Македонија
Следна статијаОва е љубовниот траголник за кој зборува цела Србија – главната жртва ја нема никаде