Путиномобил е како вистински бункер – „Ѕверот на тркала“ атракција на белградските улици

0

Рускиот претседател Владимир Путин стигна во Србија, а на паркингот во близина на ВИП терминалот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ веќе била паркирана лимузина со која подоцна се повозел низ Белград.

Се работи за моделот „Аурис Сенат“, а лимузината е направена специјално за Путин, па се нарекува и „Путиномобил“, пренесе српски „Телеграф“.

Техничките карактеристики во главно се чуваат во тајност, но медиумите наведуваат дека автомобилот од руско производство изгледа исклучително импресивно и дека во одредена мера може да се нарече идеолошко оружје на Кремељ.

Одделни новинари на новиот автомобил на Путин му дадоа име – „ѕвер“, наведувајќи дека тоа вистински бункер на тркала.

Рускиот претседател Владимир Путин на подарок од српскиот колега Александар Вушиќ го доби шарпланинецот Паша.

Ова е четврто куче кое Путин го добива од лидерите на други земји.

Рускиот претседател кој ги обожува животните, а посебно кучињата, падна на колена пред Паша кој му ги возврати симпатиите и се препушти на галењето.

Путин долго ја имал лабрадорката Кони, која била негово омилено куче. Таа живеела во Кремљ од 1999-та до 2014-та година, а претседателот Кони редовно ја водел и на своите дружења со колегите државници.

Својата миленичка ја донел дури и во салата за состаноци при средбата со Ангела Меркел, иако добро знаел дека германската канцеларка има паничен страв од кучиња. Многумина тоа го прочитале како “дипломатска игра во КГБ стил” и покажување на моќ.

Владимир Путин во 2012-та година добил и куче од расата акита од премиерот на Јапонија. Владимир Путин своето куче, кое се нарекува Јума, го повел при посетата на јапонската делегација минатата година, за да им покаже дека “кучето кое му го подарил Шинзо Абе пораснало”. Го претставил пред новинарите како свој чувар.

Премиерот на Бугарија во 2010 година му подари кученце Бугарски овчар кое толку го разнежни Путин што не можеше да престане да го гушка, а цела Русија учествуваше во неговото именување, на крајот е наречен Бафи, по предлог на 5- годишно дете.

Претходна статијаСе огласија и соседите на Врањеш: Ова со Карлеуша е завера – Огнен е вреден и добро воспитан
Следна статијаПознат консензуалниот претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ