Познат консензуалниот претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ

0

СДСМ и ДУИ се сѐ поблиску до договор за името на консензуалниот претседателски кандидат на претстојните избори, брифираат партиски извори за Нетпрес.

Иако официјално преговорите меѓу двете владејачки партии сѐ уште не се започнати, во партиските кулоари се споменува дека раководствата постигнале компромис и најверојатно Есад Рахиќ ќе ја трча изборната кампања на СДСМ и ДУИ за наследник на Ѓорге Иванов.

Како што е веќе познато, високи функционери од Бихаќка и Мала Речица истакнаа дека постои начелен договор да се изнајде заемно прифатлив кандидат, кој ќе биде над партиските и етничките линии.

Инаку, во изјава за Нетпрес, вицепремиерот задолжен за европски прашања, од редовите на ДУИ, Бујар Османи, потврди дека консултациите со СДСМ започнуваат в понеделник, но и дека имиња на потенцијални кандидати засега нема. Процесот за изнаоѓање на заеднички кандидат, кој ќе ја бие битката да се смести во Вила Водно наредните пет години, нема да започне денес, бидејќи претседателот на владејачката партија од македонскиот блок, Зоран Заев, не е во земјава.

Последната анкета на Телма и МЦМС покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци. Сепак доколку партиите на Албанците излезат со свој кандидат мнозинството од гласови ќе остане тој кампус, при што прв е Бујар Османи – 22,7% поддршка, а веднаш зад него е Имер Селмани со 20,8. Далеку на трето место е Теута Арифи – 12,3 %.

Во македонскиот политички блок голема е подвоеноста. Приврзаниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не би гласале за кандидат од спротивниот табор. Интересно е и тоа што испитувањето покажа висок процент на неодлучност кај поддржувачите на ВМРО–ДПМНЕ.

Доколку со претседателските се одржат и парламентарни избори резултатите покажаа дека СДСМ би освоило 26,9% од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би добило 21,6 проценти. Поддршката за ДУИ би била – 7,4%, Алијансата 3,1%, БЕСА – 2,5. Висок е процентот на оние кои или нема да гласаат, вкупно 35,7%.

Претходна статијаПутиномобил е како вистински бункер – „Ѕверот на тркала“ атракција на белградските улици
Следна статијаПознато е колкава плата зема рускиот претседател Владимир Путин