Македонската православна црква денот го посвети на споменот на Преподобна Меланија Римјанка, Блажениот Теофилакт архиепископ Охридски,Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните).
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек Апинијан. Кога го роди второто дете таа се разболе и му рече на мажот ѝ дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот и се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве. Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите.
Многу патуваа по странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги посетија прочуените духовници во Горен и Долен Мисир и од нив многу се научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвзиуваше во строг пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо. Имаше обичај секоја година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет. Со мажот живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во Александрија, зедоа благослов од Св. патријарх Кирил. Потоа заминаа за Ерусалим и се населија на гората Елеонска.
Овде Меланија се затвори и целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон спасението. Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати во верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа). Потоа повторно се врати на Елеонската Гора и таму се упокои во Господа во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.
Иако имала тежок живот полн со проблеми и тага, Преподобн Марија останала истрајна во својата вера и љубов кон Бога. Порди тоа денес се зема за заштитничка на сите оние кои животот ги ства пред тешки одлуки теститајќи им ја волјата.
За да од се излезат појаки и со цврста вера, секој кој ќе се нјде во невоља на денешен ден би требало оваа светителка да ја замоли за помош и милост.
Исто така Света Меланија Римјанка важи за заштитничка на жените и девојките. Молитвите кон неа и Богородица, народот верува, ќе и донесат здравје и љубов на секоја дама.