Злобната слугинка Росаура која и ги правеше сите проблеми на Касандра, денеска е непрепознатлива

0

Касандра е Венецуелска ТВ новела. Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио Барера. Главен лик на серијата е Касандра, млада Циганка која се венчава за богат човек. Меѓутоа, таа не сфаќа дека е внука на домаќинот на таа куќа. На првата брачна ноќ, мажот на Касандра, Игнасио, е убиен, а Касандра ја обвинуваат за убијство.

Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави.

Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128). Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.

Тв новелата Касандра ќе остане запаметена по историски најголемата гледаност кај нас и популарноста што ја уживаше во Македонија.

Дури и Градскиот стадион во Скопје беше претесен да ги прими сите кои во живо сакаа да ги видат актерите од култната серија.

За главната актерка Кориама Торес која го толкуваше ликот на Касандра се пишува често, но ние се запрашавме каде се и што прават останатите актери од екипата.

Прва на која се сетивме е негативката од серијата- Росаура. Слугинката во куќата на Алфонсо Ароча неколку пати проба да и го уништи животот на Касандра, а на Балканот иако фиктивен лик, беше најомразена меѓу фановите.

Денес актерката која ја толкуваше Росаура, Лоли Санчез има 62 години. Може да се каже дека најголемо остварување и беше улогата во популарната серија Касандра. Оттогаш имаше помали улоги во неколку серии, а сними и филм во 2016 година.

Кој би рекол дека од емитувањето на првата епизода од мега популарната ТВ новела поминаа 25 години, а Росаура е остарена речиси до непрепознатливост. Во продолжение погледнете како изгледаше низ годините „омилениот“ негативен лик:

Претходна статијаСите ја знаеме Јелена Спенџарска, но не и каде живее – Погледнете го нејзиниот дом и семејство ВИДЕО
Следна статијаДенес е Света Меланија – За здравје и среќа жените треба да го направат ова