Водителката Елена го покажа сопругот: Маж ми е убав како турски глумец

0

Елена Стојановска, од мало слатко девојченце во музичките емисии во кои ги водеше кон крајот на 90-ите до зрела жена и една од најгледаните и најбарани ТВ водителки кај нас.

Утринската на „Сител“ – „Ја сакам Македонија“ без неа и уредникот и водител, колегата Александар Блажевски би била само „потрошено време“ на телевизија.

Водителката Елена Стојановска на својот Инстаграм профил објави фотографија од својот сопруг и интересна објава под фотографијата. „Кога маж ти е убав како турски глумец“, напиша Елена.

Водителката на Утринската програма на Тв „Сител“, „Ја сакам Македонија“ минатиот месец со емотивен статус ѝ посака среќен роденден на ќерката Ина.

„Љубов моја најголема. Денес е твој ден. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја. Мое шеќер бебе, среќен 7. роденден. Секој ден те сакам сѐ повеќе“, изјави Елена.

Таа важи за една од најубавите наши Тв водителки и омиелена кај колегите, а на социјалните мрежи ретко споделува семејни моменти.

Со Викса (Виктор Петров) беа „совршена двојка“… Радиоводителска, се разбира. Најпрвин „Сити радио“, пото на „Радио Слободна Македонија“… Потоа секој по својот пат. Викса назад во „Сити“, а таа по годините минати во „Телма“, сега е во „Сител“., на утринската програма.

Но Елена не е само збролеста, разговорлива, шармантна и „речита“ на телевизија. нејзината убавина и изразениот сексапил малкумина го знаат приватно. Сепак, од она што може да се види и дознае од социјалните мрежи, шармантната ТВ водителка е подеднакво атрактивна и приватно.

Можеби ѓаволот носи Прада, ама не само тој. „Ѓаволестата“ водителка , подеднакво атрактиивно, привлечно и секси изгледа облечена во црн едноделен костим за капење токму од истиот бренд.

Како што нејзината убавина и сексапил доминираат во шумата од бамбусови трски. Зелената боја велат ги одмора очите, но она што е во преден план, во случајов сексапилната ги полни… будејќи ги сите сетила!

При тоа Елена Стојановска е и посветена и предана мајка на нејзината ќеркичка Илина која и е „се’ во животот“! Тогаш логично времето поминато со неа е бесценето. А професија како што е новинарската не остава премногу простор и време, па затоа на Елена Стојановска омилен збор и е… „Распуст“. Точка!

Претходна статијаДарко Лазиќ по три месеци, конечно ја виде ќеркичката Лорена – пред тоа бил многу зафатен
Следна статијаГи поканивме без деца тие дојдоа со двете – Невестата не издржа и ги избрка сите четворица од свадба