Внимавајте вечерва масовна појава на екстремно опасниот „црн мраз“

0

„Црниот мраз” или „црната поледица“ е еден од главните причини за сообраќајки од потешки размери кои најчесто се фатални.

Една сериозна опасност за возачите во текот на зимскиот период е „црниот мраз“ кој всушност е тенок транспарентен слој, кој го добил името бидејќи низ него може да се види асфалтот на патот

Овој тип на мраз е специфичен поради тоа што се создава по топење на снегот и изгледа како тенко стакло врз самиот асфалт.

Поледицата може многу лесно да ги залаже возачите бидејќи мразот ја има примено бојата на асфалтот, па возачите не знаат дека тоа место на коловозот е опасно и при малку повисока брзина се случуваат катастрофални несреќи.

КАДЕ СЕ ФОРМИРА ЦРНИОТ МРАЗ?

Црниот мраз се формира кога температурата е околу точката на мрзнење.

Се формира на патиштата кога со минусните температури на асфалтот ќе се искомбинира и топлината од гумите на автомобилите.

Најчесто, ќе сретнете црн мраз навечер или рано наутро кога температурите се на своите најниски вредности.

Внимавајте на зони со црн мраз на патишта кои се многу фреквентни, или на делови од асфалтот кои не се директно под сончева светлина. Проблем може да има и на мостовите бидејќи ладнипт воздух исто така може да ги излади двете страни од патот.

Силен знак дека возите низ проблематично подрачје е кога вашето возило наеднаш ќе смени правец на движење без никаква причина, ова најчесто е последица на зона со црн мраз.

Да го погледнеме видео прилогот со детално објаснување:

Претходна статијаДоби отказ, па ги изненади сите: Од сопствен џеб им даде плати на останатите вработени
Следна статијаПреубавата “Зејнеп” од Карасевда има сестра – двете се копија, не се знае која е поубава