Трикови како никогаш да не ви замрзнат стаклата, ретровизорите, бравата и вратата од автомобилот

0

Ви претставуваме 8 одлични совети како никогаш да не ви се замрзне ниту стаклото, ниту вратата, а ни бравата од автомобилот и како да си помогнете ако тоа се случи.

1. Секогаш бирајте ја источната страна

Ако имате можност, секогаш паркирајте го вашиот автомобил така што предниот дел ќе биде свртен кон исток. Така првите утрински зраци полека ќе го стопат мразот од шофершајбната.

2. Алкохол и сапун

Направете течност за одмрзнување на стаклата со која наутро ќе го испрскате мразот. Во едно шише ставете 1 литар алкохол, 1 децилитар вода и чаша средство за миење садови. Добро измешајте. Постои уште еден рецепт – во шише со прскалка ставете алкохол и вода во сооднос 2:1.

3. Заштитете ги бравите

Тука помага WD40. Испрскајте во бравите на автомобилот и нема да замрзнат во текот на ноќта.

4. Како да не замрзне вратата

Многу е едноставно, се што треба да направите е да ја намачкате гумата околу вратата на автомобилот со непто мрсно. Тоа може да биде глицерин, вазелин, масло за јадење итн. Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од автомобилот за наредниот ден без проблем да ја отворите вратата.

5. Бидете снаодливи

Ако сте некаде излезиени, а стаклата ви замрзнале, земете ја кредитната картичка за да го исчистите мразот. Тоа ќе се одвива малку побавно, но сепак ќе можете да ги исчистите стаклата.

6. Ставете чорапи на брисачите

Ставете чорапи на брисачите за наутро да не ги најдете залепени за стаклото, или едноставно кренете ги нагоре за да не го допираат стаклото.

7. Заштитете ги ретровизорите

Надворешните ретровизори на автомобилот нема да се замрзнат ако им ставите пластични кеси. Можете да ги замотате и со гумена лента.

8. Ставете картон на стаклата

Ова е одличен начин за превенција стаклата да не замрзнат.

Претходна статијаЖестоки критики и тешки навреди за стајлингот на Вики Миљковиќ
Следна статијаСтара приказна која раскажува зошто Свети Никола е најпочитуван кај народот