Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ имаат еден од најхармоничните бракови на естрадата, но и покрај тоа, пејачката призна дека сака да намине во студиото на „Гранд-продукција“ и да исконтролира што се случува таму.
Секогаш сакам да ѕирнам во нашите студија, посебно кога сум тука на Кошутњак и да видам што се случува.
Немојте да се сомневате во женската интуиција, сакам да дојдам и да преконтролирам дали е во ред се’, каде ми е сопругот, со кого е, што, како“, смеејќи се изјавила Сузана за медиумите.
Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ зад себе има успешна кариера, но сега повеќе е посветена на семејството и домашните обврски.
Иако, Поповиќ од многу аматери направи ѕвезди, сепак не се толку трудеше и околу кариерата на својата сопруга.
Од друга страна, на многумина им е чудно што таа никогаш не се најде во улога на жири на најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Сузана прозбори и откри зошто не е дел од ова музичко случување.
„Јас никако не можам да бидал член, без разлика на моето музичко искуство. Како сопруга на Саша Поповиќ мене не ми е дозволено бидејќи многумина ќе мислат дека пристрасно ги оценувам кандидатите“, изјави Јовановиќ.
Инаку, неодамна започна новата сезона на овој музички натпревар каде што ќе има и македонски кандидати.
Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ се 22 години во брак, а во интервју за српскиот портал „Курир“, Сузана искреено прозбори за бракот.
Во интервјуто таа откри дека директорот на Гранд, Саша Поповиќ досега неколку пати сакал да го напушти Гранд, но и прозборе во какви односи е со Лепа Брена и Боба.
Сузана истакна дека секогаш се труди да му биде поддршка и помош на сопругот, а кога е нервозен го смирува со убави зборови.
На прашањето дали друга жена на нејзино место би го оставила Поповиќ, таа одговори:
„Одговорот е „да“. Заедно сме 22 години. Сега се разбираме повеќе од кога и да било. Поминавме многу години заедно, се трудиме да бидеме поддршка еден на друг, кога едниот ќе падне другиот е тука да го крене, тоа е знак за цврста љубов и дека кога нешто се сака, се може“, вели Јовановиќ.
Сузана истакна дека е во одлични односи со Брена и Боба, дека Боба ја крстил нивната ќерка Александра и дека се како семејство.