Со сопругот попрво ќе се разведам поради свекрвата, отколку ако да разберам дека ме изневерувал

0

– Што ќе посееш, тоа и ќе жнееш, така вели народот. Затоа не чувствувам грижа на совеста што на свекрвата и ставив урина во чашата.

Таа ме злоупотребува 8 години, откако сум во брак. Мојот сопруг често пие, а тогаш станува неподнослив, а таа жена го користи секој момент за да ме понижи. Живееме во иста куќа, свекорот и свекрвата во едниот дел, јас и сопругот во друг.

Свекорот е добар човек, но не можам истото да го кажам и за свекрвата. Го малтретираи него. Постојано ме контролира за секоја мала работа во куќата. Гледа дали има прашина, ме навредува пред синот дека сум неуредена.

Плачам постојано. Таа постојано пие сок во ненормални количини. Еден ден и ставив од мојата урина во чашата. Ја испи цела и бараше уште. Пак и дадов и не се покајав, уживав додека ја гледав како го пие „сокот“.

“Таа е едно душкало која сака да го живее мојот и животот на мојот сопруг. Постојано поминува со раката по мебелот да начека прашина и да му каже на сопругот колкава “недомаќинка” сум јас. Никогаш, НИТУ ЕДНАШ ме нема пофалено кога нешто ќе приготвам, секогаш мора да најде мана и да каже како таа го готви истото јадење и како Коста, нејзиниот син го сакал истото да биде зготвено.

На дететето му се претставува како мајка, му вика мамино наместо бабино, а истовремено кога ќе ја замолиме да го причува, наоѓа изговори дека има некакви обврски пензионерката.

Со еден збор, попрво би се развела поради свекрвата од сопругот, отколку можеби да разберам дека ме изневерувал!”.

Просечната македонска жена попрво би се развела поради свекрвата отколку поради љубовницата на мажот, велат последните истражувања на психолозите и на социјалните работници. Присуството на две семејства под ист покрив значително ја зголемува веројатноста дека бајката „среќно си живееја до крајот на животот” ќе заврши со судско рочиште. Непремостливите разлики во карактерите, ставовите и очекувањата на сопружниците се грутките што најчесто се тркалаат од првиот ден на бракот и се претвораат во бракоразводни лавини.

Социјалните работници што посредуваат при развод на бракот велат дека партнерите најчесто се разведуваат во првите години од бракот. Со животот во заедница, младите луѓе немаат можност да го развиваат својот брак. Четиричлено семејство со просечни примања одвај може да опстане, па со тоа родителите економски помагаат и автоматски им се мешаат во животот на младите, со што, всушност, одмагаат.

Статистиката покажува дека неверството сè уште е мала причина за почнување бракоразводна постапка, зашто, како што велат социјалните работници, особено во помалите места кај нас, жените сè уште се водат од стереотипите.

Што се однесува до односите во македонското семејство, слободно може да се каже дека, колку што младите имаат непочитување кон родителите, толку и родителите не им ги даваат слободата и правото на свое размислување, особено кога се работи за заеднички прашања.

Претходна статијаЛоши вести за македонците со бугарски пасоши – Неколку адреси ќе се проверуваат
Следна статијаСо 12. 000 денари месечно живееш колку да преживееш, но без нив уште потешко е